26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ казни 11 авиокомпании

ЕУ казни 11 авиокомпании

Европската комисија ја потврди казната од речиси 800 милиони евра за 11 водечки светски авиокомпании, како „Air France-KLM“ и „British Airways“.

Авиокомпаниите се казнети поради создавање на картели во товарниот авиосообраќај поради местење цени.

Вкупниот износ нa казните е 776 милиони евра, при што на сите авиокомпании им е одредена казна со иста висина, освен за холандскиот „Martinair“, за кој казната е намалена на 15,4 милиони евра од првично изречените 29,5 милиони евра во 2010 година, пренесува агенцијата Ројтерс.

Општиот суд на Европската унија во 2015 година ја поништи процедурата од процедурални причини, но Комисијата соопшти дека ја исправила грешката и дека одлучила да ја потврди казната со цел да обезбеди антиконкурентско однесување во една од важните области да не пројаде неказнето, наведува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП