7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата се стабилизираа над нивото од 52 долари

Цените на нафтата се стабилизираа над нивото од 52 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во петок на меѓународните пазари над нивото од 52 долара, балансирајќи меѓу ограниченото снабдување од водечките производители на чело со ОПЕК и поголемото производство во САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 52,01 долар. Позначителна промена немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 49,19 долари.

ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во четврток изнесувала 49,70 долари и се зголемила 53 центи во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП