30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорени инвестиции меѓу Кина и Саудиска Арабија вредни 65 млрд долари

Договорени инвестиции меѓу Кина и Саудиска Арабија вредни 65 млрд долари

Кина и Саудиска Арабија потпишаа договор во вредност од 65 милијарди долари, кој покрива широк спектар на области од енергетиката до вселената.

Едномесечната азиска турнеја, саудискиот крал Салман ја започна со посетата на Пекинг, во склоп на настојувањата на официјален Ријад да ги промовира инвестициските можности на својата земја.

„Кинескиот претседател Си и кралот Салман се стари пријатели. Соработката меѓу Кина и Саудиска Арабија веќе донесе бројни погодности и поседува голем потенцијал“ изјави заменик кинескиот министер за надворешни работи Џанг Минг.

Азиските земји, како што наведува РТ, се најголеми увозници на нафта од Саудиска Арабија, која сака да ја зголеми продажбата на нафта во Кина.

Саудиска Арабија минатата година ја загуби позицијата најголем извозник на нафта во Кина, а нејзиното место го зазема Русија. Извозот на руска нафта во Кина повеќе од двојно се зголеми во изминатите шест години, на 550.000 барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП