7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ-20 предупреди за слаб глобален раст

Г-20 предупреди за слаб глобален раст

Министрите за финансии од Г-20 предупредуваат за слаб глобален раст и ветуваат дека ќе се воздржат од користење на валутите во поддршка на националните економски интереси. Тоа го покажува проект- коминике од средбата во германското одморалиште Баден-Баден.

„Се сретнавме во момент кога глобалната економија бележи напредок“, пишува во документот.

„Само што стапката на раст се уште е послаба од посакуваното и ризиците за глобалната економија остануваат“, се додава во предлогот.

Министрите и нивните централни банкари конечно велат: „Ќе се воздржуваме од конкурентната девалвација и нема да ги насочуваме девизните курсеви за конкурентните цели“.

Светските финансиски лидери ќе се откажат од конкурентните девалвации и предупредуваат за последиците од нагли флуктуации на девизните курсеви, но се уште не постигнале заеднички став за трговијата и протекционизмот, забележуваат агенциите, повикувајќи се на проект- коминикето од финансискиот форум на Г-20.

Во коминикето, што може да биде променето и се очекува да биде официјално објавено утре, напомена дека монетарната политика ќе продолжи да го поддржува растот и ценовната политика, но не може сама да доведе до урамнотежен економски раст.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди за тешка битка за постигнување на консензус за трговијата и протекционизмот.

Министрите од Г-20 и централните банкари ќе треба „да завршат многу работа“, за да се договорат за препораките за трговијата, кои да бидат вклучени во конечното коминике утре, рече на средбата Шојбле. Тој изрази оптимизам дека сепак решение може да биде најдено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП