Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

ЕВН ќе ја води имплементацијата на енергетскиот менаџмент во компаниите

Време: 16:21

Датум: март 17, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Воведувањето на систем за управување со енергија и имплементација на стандарот ИСО 50001 во компаниите беше главна тема на работилницата која се одржа во Стопанската комора на Македонија. На работилницата учествуваа 11 компании од Македонија, селектирани клиенти на ЕВН Македонија, со просечна потрошувачка од 3 GWh годишно.

Работилницата е дел од проектот„Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии” кој што се спроведува од страна на РЕЦ Канцеларија во Македонија, а со финансиска поддршка од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и контрибуција обезбедена од страна на UNIDO, РЕЦ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, USAID и Македонската банка за поддршка на развојот.

ЕВН Македонија учествува во втората фаза на програмата за спроведување систем за управување со енергија со цел имплементација на стандардот ИСО 50001 во компанијата, а ќе обезбеди и помош на свои клиенти што ќе изразат интерес. Главната цел е ЕВН Македонија да продолжи со имлементирање на програмата во улога на репликатор и по завршувањето на проектот, со цел македонските компании да добијат соодветна експертиза од оваа област која во крајна линија ќе значи подобрување на нивната конкурентнсот и ќе ја зголеми енергетската ефикасност во сите нивоа од работењето на компаниите.

„Наша цел е да бидеме партнер на компаниите во воведувањето напредни технологии и стнадарди што ќе значи посилни компании кои ќе креираат развој во општеството“, истакна Штефан Петер, претседател на Бордот на директори на ЕВН Македонија.

Учесниците на работилницата ги претставија своите компании и изразија интерес за вклучување во програма за градење на капацитетите за примена на системот за управување со енергија. На работилницата се дискутираа модалитети за техничка помош на избраните клиенти на ЕВН Македонија.

Во следниот период ќе се остварат поединечни средби со менаџментот на компаниите со цел да се дефинираат следни чекори за можно приклучување во програмата за репликација на проектот за воведување систем за управување со енергија според стандардот ИСО 50001.

Во рамките на работилницата свое обраќање имаа и Билјана Пеева – Ѓуриќ, директорка на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Република Македонија, и Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Ана Петровска од РЕЦ Македонија и национален раководител на проектот, го претстави проектот за поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија.

По воведните излагања, тројца национални консултанти за енергетска ефикасност, кои беа сертифицирани во рамки на проектот, ги претставија досегашните резултатите од спроведувањето на проектот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Рокот за барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и добиток трае до 15 мај

    Рокот за барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и добиток трае до 15 мај

    Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции…

  • Грција прифати понуда за Desfa од 535 милиони евра

    Грција прифати понуда за Desfa од 535 милиони евра

    Грчкиот државен фонд за приватизација (HRADF) го номинира за најпосакуван кандидат конзорциумот меѓу „Snam“, „Enagás Internacional“ и „Fluxys“ за продажба на 66% од капиталот на…

  • Кумановци повторно на „печалба“ во Ирак и Авганистан

    Кумановци повторно на „печалба“ во Ирак и Авганистан

    Кумановци повторно аплицираат за работно место во компаниите кои нудат и даваат поддршка на американската војска во Авганистан и Ирак. На официјалните страници на двете…

  • Градот Скопје го објави повикот за субвенции за велосипеди

    Градот Скопје го објави повикот за субвенции за велосипеди

    Градот Скопје денеска го објави јавниот повик повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Граѓаните…

  • Јаневски: Македонија, како туристичка дестинација, мора да најде начин да ги задржи гостите

    Јаневски: Македонија, како туристичка дестинација, мора да најде начин да ги задржи гостите

    Македонија како дестинација се уште не може да ги задржи гостите. Нивниот број бележи раст, но должината на престојот се намалува. Мора да работиме помодерно, на современ…

  • Трамп: ОПЕК е виновен за поскапувањето на нафтата

    Трамп: ОПЕК е виновен за поскапувањето на нафтата

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) дека е одговорна за зголемувањето на цените на енергенсот. Трамп оцени…

  • Тевдовски најави проект од 35 милиони долари за изградба на детски градинки

    Тевдовски најави проект од 35 милиони долари за изградба на детски градинки

    Нови проекти од областа на социјалата, инфраструктурата и поддршка на малите и средни претпријатија во фокус на Пролетните средбите на македонската делегација во Вашингтон. Како…

  • АМСМ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

    АМСМ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема…

  • Сончево и топло време

    Сончево и топло време

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе…

  • Тевдовски за Блумберг: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст

    Тевдовски за Блумберг: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст

    Безусловната препорака на Европската комисија за Македонија да ги започне пристапните преговори ќе ја зголеми довербата на инвеститорите и ќе го поттикне економскиот раст, истакна…