8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија се подготвува за трговска војна со САД

Германија се подготвува за трговска војна со САД

Германија ги разгледува варијантите да поднесе тужба во Светската трговска организација (СТО) против САД ако Вашингтон одлучи да го укине оданочувањето на увезената стока и услуги. Ова го потенцираше министерот за економија и енергетика Бригите Циприс, цитирана од агенциите.

„Една од опциите е да поднесеме тужба во „СТО““, рече таа во одговор на прашањето како Германија може да реагира на ваквата одлука.

„Во договорите на организацијата јасно е запишано дека царините за увезените автомобили не можат да бидат над 2,5 отсто“, додаде Циприс.

Дебатата за зајакнување на протекционизмот во светската економија се активира по изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека Вашингтон треба да воведе дополнителни давачки на увезените стоки, за да се бори против намерно намалените курсеви на валутите на другите земји. Сега владата на Трамп ја завршува подготовката на планот за „оптимизација на даночниот систем“ на страна, кој предвидува да се воведат царини од 20 отсто на стоки и услуги.

Берлин стравува дека ваквата иницијатива може сериозно да влијае по германската автомобилска индустрија, која е еден од главните извори на приходи.

Информациите се појавуваат неколку часа пред толку очекуваната средба на германската канцеларка Ангела Меркел со Трамп во Вашингтон. Пред неа од „Белата куќа“ се невообичаено воздржани. Трамп ќе слуша и ќе се учи од канцеларот, вели извор од Вашингтон, кој не е цитиран од американските медиуми. „Претседателот е многу заинтересиран за тоа да ги чуе ставовите на канцеларот за начинот на соработка со Владимир Путин“, вели тој, цитиран и од „Die Welt“.

Меѓу темите ќе се и конфликтот во Украина и Сирија, како и трошоците на Германија за одбрана. Уште за време на конференцијата за безбедност во Минхен, Меркел и министерот за одбрана на земјата Урсула фон дер Лајен увери дека Германија ќе ги зголеми трошоците во оваа компонента, за да достигнат во среднорочен план на потребното ниво од 2 отсто од бруто домашниот производ.

„Ние сме охрабрени од барањето на германската влада за постигнување на прагот од два проценти од БДП-то до 2024-та година“, се вели во соопштението на „Белата куќа“. Претседателот Трамп верува дека сите сојузници мора да преземат добар дел од заедничката одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП