7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно ниво на вкупниот биланс на панамските банки

Рекордно ниво на вкупниот биланс на панамските банки

Вкупниот износ на билансот на состојба на банките со седиште во Панама минатата година достигна рекордни 121 милијарда долари, и покрај последиците од скандалот со избегнувањето даноци кои беше откриен со „документите од Панама”, објави здружението на банки.

Meѓународниот банкарски центар кој ги преставува панамскиот и странските банка, обајви дека вкупната актива на нејзините членки „достигна рекордно високо ниво од 121,075 милијарди долари”, односно зголемување од 3,3 отсто во однос на претходната година.

Панама во центарот на вниманието на властите од целиот свет се најде пред една година, по објавата на ткн „панамски домументи“, кои отрија дека богати луѓе од целиот имото го чуваат во овој даночен рај.

Двајца партнери на адвокатската канцеларија „Mossak Fonseca“, чии компјутери беа хакирани и откаде беа извлечени податоците се наоѓаат во притвор како дел од истрагата за „перење пари“.

Според проценките на Светска банка, економијата на Панама оваа година ќе бележи раст од шест отсто, најмногу од сите земји во Латинска Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП