
Компаниите од „големата градежна тројка“ минатата година ја завршиле со позитивни резултати, сите оствариле профит иако само скопски Гранит има раст на заработката, Бетон Скопје и Бетон Штип имаат пад на добивката.


Компаниите од „големата градежна тројка“ минатата година ја завршиле со позитивни резултати, сите оствариле профит иако само скопски Гранит има раст на заработката, Бетон Скопје и Бетон Штип имаат пад на добивката.
Гранит Скопје лани имал раст на профитот од 6%, достигнал 3 милиони и 805 илјади евра. Приходите се зголемиле за 16%, а расходите за 14%, покажува финансискиот извештај објавен на Македонската берза.
Бетон Скопје 2016-та ја завршил со вкупна заработка од 1 милион и 436 илјади евра што е за 3% помалку од 2015-та кога профитот бил 1 милион и 481 илјада евра.
Бетон Штип имал двојно помала добивка. Во 2016-та профитот изнесувал 380 илјади евра, а во 2015-та 775 илјади.
Производителите на градежни материјали имале добра година.
Цементарницата Усје во 2016-та имала чист профит од 20 милиони и 111 илјади евра, што е за 2% помалку од 2015-та. Вкупните приходи надминале 72 милиони евра, а вкупните расходи 51 милион евра и се на речиси истото ниво како и претходната година, покажува финансискиот извештај.
Мермерен комбинат Прилеп во 2016-та остварил профит од 3 милиони и 471 илјади евра што е за 29% помалку во споредба со 2015-та.
Адинг имал раст на профитот од 8%. Во 2016-та тој достигнал 269 илјади евра, а во 2015-та бил 249 илјади. Според финансискиот извештај лани приходите биле речиси 6 милиони евра, а расходите 5.7 милиони.
Фабрика Карпош имала заработка од речиси 377 илјади евра, раст од 23%.
Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) лани градежништвото остварило раст од дури 18.5%. Во првиот квартал растот бил 6.9%, во вториот 31.4%, во третиот 10.3%, во четвртиот 28.5% или вкупно за цела година 18.5%.
Секторот беше и главната компонента која изѕида вкупен економски раст од 2.4%.
К. Н.