19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Газпром намален за 10 %

Профитот на Газпром намален за 10 %

gazprom2

Најголемата светска компанија за гас Газпром минатата година оствари значителен нето профит од 38 милијарди долари, што е за десет проценти помалку во однос на 2011 година.

Профитот на Газпром во 2012 година изнесуваше 38 милијарди долари, во споредба 42,2 милијарди долари од 2011 година, а ваквиот пад на добивката е последица на слабата продажба и растечките трошоци, се наведува во соопштението на компанијата, пренесува Франс Прес.

Во текот на минатата година, нето продажбата на гас е намалена за шест проценти, бидејќи продажбата на тој енергенс во Европа и другите региони се зголеми за само два проценти, додека продажбата во поранешните советски републики се намали за 17 проценти.

Во меѓувреме, трошоците за работењето се зголемени за 18 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП