2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе мириса на добро: Грците се потешко до работа

Не мириса на добро: Грците се потешко до работа

Невработеноста во Грција повторно расте, таа во последниот квартал од минатата година била на 23,6 проценти, што е за еден процент повеќе отколку во претходниот квартал.

Грчката статистичка служба соопшти денес дека во периодот октомври-декември невработени биле 1,12 милиони лица, додека во третиот квартал невработени биле 1,09 милион лица.

Грција има најголема невработеност во Европската унија поради финансиската криза која оваа земја ја тресе веќе седум години, од рекордните 27,8 проценти невработеност на почетокот на 2014 година.

Грчката економија е под притисокот на преговорите на владата со меѓународните доверители околу последната рата од пакетот помош.

Економската активност во четвртиот квартал од 2016 година опадна за 1,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП