1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорошенко потпиша, рампа за руските банки

Порошенко потпиша, рампа за руските банки

Украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша указот за воведување на санкции кон банките во руска сопственост.

Во соопштението на украинскиот претседател се наведува дека указот треба да ги спречи подружниците на три руски финансиски институции во Украина да ги изнесуваат парите во странство.

Со указот се опфатени двете најголеми руски банки „Sberbank“ и „VTB“, како и развојната банка „Vnesheconombank“, сите три во сопственост на државата.

Санкциите кон руските банки се воведени откако украинските националисти ги вандализираа просториите на руските банки во Киев оваа недела, како и по одлуката за воведување на економски блокади во областите на истокот од земјата под конрола на проруските бунтовници.

Во судирите на проруските бунтовици и владините сили на истокот од Украина од април 2014 година се убиени повеќе од 9.800 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП