7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛирата скокна по новата одлука во Турција

Лирата скокна по новата одлука во Турција

Турската централна банка ја зголеми клучната каматна стапка и соопшти дека ќе ја задржи строгата монетарна политика се додека не се подобри стапката на инфлација.

Инфлацијата е повеќе од двојно над целното ниво на регулаторите.

Банката ја зголеми за 75 базни поени каматата на итните позајмици за ликвидност, на 11,75 проценти, што е во склад со Проценката на економистите во анкетата на Блумберг.

Каматите на еднонеделните РЕПО трансакции, на прекуноќните и меѓубанкарските позајмици останаа непроменети.

За да ја илустрира својата фокусираност на прашањето за влијанието на лирата на потрошувачките цени, банката, како што наведува њујоршката агнција, го промени тонот во своето соопштение истакнувајќи ја во прв план потребата за „значително подобрување“ на изгледите на инфлацијата.

Турската инфлација порасна на 10,1 проценти минатиот месец во однос на целното ниво на централната банка од пет проценти.

Лирата дополнително зајакна по објавата на оваа одлука, тргувањето беше во плус за 0,7 проценти, на ниво од 3,6504 лири за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП