19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК и одобри заем на Украина од 600 милиони евра

ЕК и одобри заем на Украина од 600 милиони евра

Европската комисија (ЕК) одобри заем од 600 милиони евра (638 милиони долари) за Украина, кој е дел од програмата за поддршка на економијата и реформите во земјата, соопштија светските агенции.

Комисијата прецизира дека со оваа сума вкупно заемите од ЕУ за Украина стануваат 2,81 милијарди евра, почнувајќи од 2014-та година. Парите ќе бидат доделени на крајот на март или почетокот на април.

Комисијата посочи дека Украина во голема мера ги исполнила програмските обврски преземени со цел да бидат доделени средствата, вклучувајќи мерки за борба против корупцијата и осовременување на државната администрација.

Заменик-претседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис посочи дека со овој заем „ЕУ ја потврдува својата долгорочна посветеност да ја поддржи Украина во нејзините напори да одржува стабилност и да го обезбеди економското заздравување на земјата“.

Поради тековната трета година на сепаратистичка војна во Украина, Европската комисија отстапи малку од своите барања Киев прво да ја укине забраната за извоз на украински граѓа, посочувајќи дека средствата можат да бидат доделени, бидејќи владата го има поднесено предлогот за укинување на забраната, забележуваат агенциите.

Комисијата очекува законот за извозот на дрва, доведен во украинскиот парламент, да биде усвоен без одлагање, посочи комисијата во порака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП