24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК воведува нов инструмент за откривање на картели

ЕК воведува нов инструмент за откривање на картели

Европската комисија (ЕК) воведува нов инструмент за анонимно поднесување на сигнали за прекршувања на законите за конкуренција и картели, објавија од Комисијата.

Граѓаните на земјите од блокот можат да известуваат за усогласување на цените или тендерски понуди, спречување на производи на пазарот, неосновано исклучување на конкурентите и други практики.

Досега поголем дел од картелите биле откриени преку програмата на Комисијата за ослободување од глоба и намалувањето на нивната големина. Таа им овозможува на претпријатијата да сигнализираат за сопственото учество во картел во замена за намалување на паричната глоба, потсетуваат од Брисел.

Новиот систем ја зголемува веројатноста од откривање и гонење, се наведува во соопштението на ЕК.

Комисијата осигурува дека анонимноста на сигналот е загарантирана. Сигналите се поднесуваат преку специјално дизајниран систем за криптирани пораки, кој овозможува двонасочна комуникација.

Услугата е управувана од специјализиран надворешен давател на услуги и не доставува никакви податоци кои би можеле да бидат употребени за утврдување на идентитетот на лицето кое ги обезбедува информациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП