17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната се зголеми до 2%

Инфлацијата во еврозоната се зголеми до 2%

Годишната инфлација во еврозоната забележа раст до 2% во февруари 2017-та година во однос на 1,8 отсто за еден месец порано, покажуваат податоците на „Евростат“.

На месечна основа инфлацијата минатиот месец е 1,9 отсто во однос на 1,7 отсто за првиот месец од оваа година.

Најниска инфлација во крајот на февруари е забележана во Ирска (0,3%), Романија (0,5%), а исто Бугарија и Данска (по 0,9 отсто).

Највисока инфлација пак се забележува во Естонија и Белгија, односно 3.4 и 3.3 проценти, Латвија и Литванија (по 3,2 отсто) и Шпанија (3 отсто).

Инфлацијата во Унгарија (2,9%), Луксембург (2,7%), Чешка (2,6%), Словенија (2,5%), Австрија (2,4 отсто) и Германија (2,2%), исто така е повисока од просечната за еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП