2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛи Кечијанг: Кина не сака трговска војна со САД

Ли Кечијанг: Кина не сака трговска војна со САД

Кина не сака трговска војна со САД. Ова го изјави премиерот на земјата Ли Кечијанг, опишувајќи се себеси како оптимист за односите меѓу двете земји.

„Една трговска војна нема да ја направи нашата трговија поправедна“, изјави тој на прес-конференција по завршувањето на годишната сесија на кинескиот законодавен орган.

Влијанието од ваквиот потег ќе се почувствува најмногу од странските и особено од американските компании, додаде Кечијанг.

Земјата ја поддржува глобализацијата и слободната трговија и ќе го забрза отворањето на економијата, рече уште Кечијанг, цитиран од агенциите. „Кина ќе учествува во регионалните договори за слободна трговија“, појасни тој.

Според него Кина нема намера да ја ослабне локалната валута, за да го зголеми извозот. Оваа негова изјава е во одговор на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја дефинира земјата како монетарен манипулатор и се закани дека ќе стави даночни тарифи во износ од 45% на кинеските производи со оглед на погрешните трговски практики.

Премиерот на Кина, исто така, истакна дека курсот на јуанот ќе остане како целина стабилен и дека девизните резерви на земјата се доволни за покривање на плаќањата при увозот на стоки и за отплата на краткорочните надворешни обврски.

Дали Кечијанг ги дефинира како слаби новите пониски прогнози на властите во Пекинг за растот на втората по сила светска економија. Кинеската влада ја намали својата цел за економскиот раст во 2017-та година до околу 6,5% од претходните предвидувања за опсег за зголемување на БДП-то меѓу 6,5% и 7,0%. Според него, сепак таа цел не е ниту ниска ниту лесна за постигнување.

„Кина може да поддржува средновисок економски раст во блиска иднина и ќе продолжи да биде главен двигател на светската економија“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП