22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот државен инвестициски фонд во светот ги забавува инвестициите во имот

Најголемиот државен инвестициски фонд во светот ги забавува инвестициите во имот

Инвестициите во имот на норвешкиот државен инвестициски фонд забележаа најспор раст во минатата година заради пазарната нестабилност, соопштува интернет изданието „ipe.com“, повикувајќи се на податоците на централната банка на Норвешка, која управува со Фондот.

Во 2016-та година Фондот има инвестирано 19,1 милијарди норвешки круни во јавни имотни средства, што е за над 50 отсто помалку во однос на вложените 40 милијарди норвешки круни една година порано.

Повеќето од трансакциите со недвижимости на Фондот минатата година се реализирани во втората половина на годината, кога ќе се земе во предвид несигурноста во првото полугодие околу референдумот за „Brexit“.

Норвешката централна банка наведува дека приносот од инвестициите во недвижности се уште е значително повисок во споредба со приносот од обврзниците на стратешките пазари за инвестицискиот фонд.

Номиналните цени на имотните средства сепак се високи и институцијата очекува пресврт кај родот.

Што се однесува до некои продажба на имот, кои Фондот ги оствари минатата година, централната банка наведува дека и покрај тоа што тие биле стекнати со долгорочни цели, нивната продажба била најдобро решение во предвид високите цени.

Пазарната вредност на имотот во сопственост на инвестицискиот фонд се зголемува до 191 милијарди норвешки круни од 180 милијарди норвешки круни, една година порано и 106 милијарди норвешки круни кон крајот на 2014-та година.

Весникот потсетува дека пред повеќе од една година Владата на Норвешка го зголеми „врвот“ на инвестициите во имот на државниот инвестицискиот фонд до 7% од средствата. Уште пред неколку месеци, сепак централната банка соопшти дека уделот на инвестициите во имот на фондот едвај ќе ја надмине границата од 5% од средствата поради пазарни ризици.

За периодот 2015 – 2016 година изложеноста кон секторот на имотот на фондот се зголемил за само 0,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП