21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa постигна прелиминарен договор со синдикатот на пилотите

Lufthansa постигна прелиминарен договор со синдикатот на пилотите

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ постигна прелиминарен договор со синдикатот на пилотите кој го опфаќа периодот до 2022 година и со кој се заклучува долгогодишниот социјален спор.

Долгите преговори на „Lufthansa“ со синдикатот „Cockpit“ доведоа до неколку штрајкови кои скапо ја чинеа компанијата и пореметија стотици летови.

Шефицата за работни прашања во компанијата Ветина Фолкенс го нарече овој договор „пресвртница“ со која ќе се заклучи спорот.

Според засега начелниот договор, околу 5.400 пилоти на компанијата „Lufthansa“, „Lufthansa Cargo“ и „Germanwings“ ќе имаат вкупно зголемување на платата од 11,4 проценти во периодот до јуни 2022 година. Покрај тоа и додадотк во износ од 1,8 проценти од месечни плати.

За возврат, пилотите прифаќаат постепено зголемување на старосната граница за заминување во пензија и друг начин на придонес во пезискиот план и забрана за штрајкови до 2022 година.

Синдикатот соопшти дека договорот ќе ги заштити работните места на пилотите во нискобуџетниот „Germanwings“ а истовремено ќе гарантира пониски трошоци за компанијата. Компанијата наведе дека се откажува од плановите 40 авиони да ги опслужуваат лица кои не подлежат на договор за работа и се обврза да издвои еден авион кој ќе им даде на пилотите да се обучуваат за позицијата капетан.

Двете страни наведоа дека останале на тоа да се разработат деталите на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП