2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКај Лукашенко иако не работите морате да дадете 250 евра

Кај Лукашенко иако не работите морате да дадете 250 евра

Илјадници луѓе протестираа во Белорусија поради непопуларниот закон за труд и спорните одредби за задолжителната надокнада која невработените мораат да ја плаќаат на државата.

Протестите на улиците во Минск и уште неколку други помали градови во Белорусија се последната серија демонстрации против обврската од тој закон граѓаните да мораат на државата да и платат по 250 евра ако работат помалку од пола година или ако не се пријавени во државната евиденција за невработени.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја суспендираше на почетокот на март наплатата на таа надокнада, што, како што оценува АП, е чекор наназад за лидерот кој со железна тупаница владее со Белорусија од 1994 година. Неговата иницијатива не успеа да ги запре протестите и повиците да поднесе оставка.

Законот им зададе болен удар на жителите на Белорусија која веќе две години е во рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП