16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Zara објави 10% скок на годишната добивка

Сопственикот на Zara објави 10% скок на годишната добивка

„Inditex“, сопственикот на модниот синџир „Zara“, објави 10 проценти скок на годишната нето добивка и рекордни продажби. Компанијата сепак сигнализира дека ќе го забрза затворањето на помалите продавници за да отвори поголеми, кои заедно со онлајн трговијата можат да привлечат повеќе клиенти.

Најголемиот моден синџир на мало во светот по продажба вели дека нето добивката за годината до 31-ви јануари се зголемила до 3,16 милијарди евра од 2,88 милијарди евра. Продажбата се зголеми за 12% до 23,31 милијарди евра. И двата резултати се блиску до очекувањата на аналитичарите од соодветно 3,18 милијарди евра и 23,33 милијарди евра.

За четвртиот квартал компанијата објави нето добивка од 952 милиони евра и продажба за 6,91 милијарди евра во споредба со оценките на аналитичарите за 961 милиони евра и 6,94 милијарди евра.

Компанијата планира да ја зголеми дивидендата со 13% до 68 центи за акција.

Иако компанијата го оддаде успехот на бизнис моделот, кој испорачува модна облека два пати неделно во продавниците, некои аналитичари се загрижени дека „Inditex“ ги намалува цените за да продаваат повеќе.

Според „Credit Suisse“ неодамнешната ценовна студија покажува дека цените на горниот крај на „LONCOD“ кај „Zara“ се намалил за околу 10% за годината до крајот на март во Велика Британија и со над 20% на меѓународните пазари. Според банката потегот на „Inditex“ наложил притисок врз другите трговци за пониски цени, што ги зголемено инвестициските трошоци за европските трговци на мало.

Продажбата се зголеми меѓу сите осум брендови на компанијата, вклучувајќи ги поевтините брендови како „Pull & Bear“ и „Bershka“. Брендот „Zara“ придонесува со 66% кон вкупната продажба, кои остануваат силни во првите недели на тековната фискална година. Компанијата забележа 13% раст на продажбата од физичките продавници и онлајн сајтовите при постојани девизни курсеви помеѓу 1-ви февруари и 12-ти март.

Минатата година компанијата отворила 279 нови продавници, па така нивниот вкупен број изнесува 7292. За 2017-та година „Inditex“ соопшти дека планира да отвори меѓу 450 и 500 нови продавници, како и да затвори меѓу 150 и 200 помали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП