9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска се уште нема да го воведе еврото

Полска се уште нема да го воведе еврото

Полска би можела да го разгледа усвојувањето на еврото дури за десет или дваесет години, кога ќе го достигне нивото на развој на микро и макроекономија кое го имаат земјите на еврозоната, изјави министеррот за економски развој на Полска, Матеуш Моравецки.

Моравецки изјави дека Полска сеуште ги нема економските и индустриските стандарди кои ги имаат земјите на еврозоната, како по прашање на развојот, така и по прашањето за висината на платата, како и слободното движење на службите.

„Кога за десет или дваесет години развој ќе ги достигнеме микро и макроекономските параметри, тогаш би било можно да ја разгледаме таа опција“, изјави Моравецки.

Моравецки додаде дека воведувањето на еврото во Полска би било можно само по пат на референдум, бидејќи во Уставот на Полска полскиот злот е официјална национална валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП