2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на македонските туристички дестинации во Русија

Промоција на македонските туристички дестинации во Русија

Македонските туристички дестинации, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ), се промовираат на На најголемата саемска манифестација за туризам во Москва, Руска Федерација, “Mitt.

Оваа година поголемо внимание е дадено на промотивните активности во делот на религиозниот, културниот и винскиот туризам, како продукти со најголем интерес од страна на руските туристи.

Македонскиот штанд кој ги отсликува атрактивните туристички производи на нашата земја, го посетуваат новинари и тур оператори чии фокус е на балканските туристички тури. Новинарскиот Сојуз на Русија оствари средба со претставници на АППТ, кои се заинтересирани да ја посетат Македонија со цел изработка на промотивни материјали за медиумите во Русија.

АППТ оствари средби и со значајни руски тур оператори, како: Anex Tour, PAKS, PEGAS и Natalie Tours, кои што покрај останатите балкански дестинации покажаа интерес за вклучување на Македонија во нивните туристички тури.

За зголемување на интересот на туристи од рускиот пазар, АППТРМ во 2016 година реализираше и медиумски активности кои ќе продолжат и овој период.

Саемот за туризам во Москва, Руска Федерација (Mitt, 14-16 Март 2017 година) има седум изложбени сали, своите туристички дестинации ги претставуваат повеќе од 1.600 компании, странски тур оператори, асоцијации, медиуми и различни чинители во туризмот, со повеќе од 27,659 посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП