17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААналитичарите категорични: Нафтена криза ќе има за неколку месеци

Аналитичарите категорични: Нафтена криза ќе има за неколку месеци

Меѓународната енергетска агенција прoгнозира дефицит на пазарот на нафтата, кој може да се случи уште во првата половина на 2017 година.

Притоа овој недостаток на “црното злато” ќе се појави, иако растат светските резерви. Според податоците на МЕА, резервите на нафта, во најбогатите земји од светот, во јануари за прв пат од јули мината година се зголемија за – 48 милиони барели и сега изнесуваат 3.03 милиони барели.

Според експертите, за намалувањето на резервите ќе биде потребно време односно да се намали производството на земјите-извознички.

Договорените услови за намалување на производството од 1.2 милиони барели дневно беа исполнети уште во првата половина на оваа година. Членките на ОПЕК во февруари имаа производство рангирано на 91% . Картелот ги задржи овие ограничувања до јуни месец. На пазарот може да демонстрира наводен дефицит од 500 000 барели дневно. За оние кои чекаат враќање на балансот на нафтениот пазар, тоа значи дека е потребно да имаат уште малку трпение, сметаат во МЕА.

Производството на земјите од ОПЕК во февруари изнесува 31,958 милиони барели дневно. Тоа е за околу 139.5 илјади барели помалку во однос на јануари. Според податоците на Саудиска Арабија, во февруари производството на нафта во земјата е зголемено за 263,3 илјади барели дневно, достигнувајќи 10,011 милиони барели. Цената на нафтата сепак нагло падна по појавата на податоците за екстракција и одбивањето на ОПЕК да го продолжи договорот. Покрај тоа, падот на цената на барел од видот Brent на 51,5 долари не е катастрофа, а многумина прогнозираат раст во блиска време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП