Германската влада го одобри буџетскиот план, кој предвидува зголемување на трошоците со 1,9 проценти во следната година и повикува да не се земаат нови кредити во следните четири години, пренесуваат агенциите.
Планот, претставен денеска од министерот за финансии Волфганг Шојбле, предвидува за следната година трошоци во вредност од 335,5 милијарди евра (357 милијарди долари).
На 24-ти септември, сепак во Германија има избори и следната влада ќе ја донесе конечната одлука за буџетот.
Трошоците за Министерството за одбрана се предвидува да се зголемат за 1,4 милијарди евра до 38,5 милијарди евра во следната година.
Германија не ги покрива целните 2 проценти за одбрана, идентификувани од страна на НАТО. Шојбле сепак посочи дека Германија напредува во врска со ова прашање, а се очекува оваа година процентот да се зголеми до 1,23 проценти во однос на 1,18 проценти во минатата година.