21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно: ЕУ ја менува економската политика

Конечно: ЕУ ја менува економската политика

Belgium Nobel Peace

Рекордната невработеност и рецесијата во повеќето земји на ЕУ ќе ја натераат Европската централна банка (ЕЦБ) да ги олабави каматите.

А членките на еврозоната и целата Унија ќе мора радикално да ја променат сегашната полтика на штедење, тврдат добро информираните извори од Брисел и Берлин.

Германските медиуми пишуваат дека прв знак за воведување на новата економска политика во еврозоната ќе биде одлуката на ЕЦБ да ја намали сегашната основна каматна стапка од 0,75 проценти на 0,50 проценти, пренесуваат странските медиуми.

Очекуваното олабавување на основната каматна стапка на ЕЦБ ќе следи, по објавувањето на податоците за рекордната невработеност во Шпанија и Франција, падот на приходите на водечките европски компании во првиот квартал и се поголемото социјално незадоволство во повеќето земји на ЕУ.

Податоците на стратистичката служба на ЕУ – Еуростат, за февруари оваа година покажуваат дека во тој месец нивото на невработеност во двете најзагрозени членки на Унијата – Грција и Шпанија, ќе надмине 26 проценти, што е драстично над нивото кое беше забележано пред појавата на тековната должничка криза.

Од 27 членки на ЕУ, двоцифрена стапка на невработеност е забележана во 15 земји, а во групата од 12 држави, кои имаат помал број на лица без работа, уште неколку се приближуваат кон критичното ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП