2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската невработеност падна на најниско ниво по повеќе од 4 децении

Британската невработеност падна на најниско ниво по повеќе од 4 децении

Невработеноста во Велика Британија е намалена до најниско ниво од над четири децении, но нивото на плаќање останува речиси без промена, соопштува „Bloomberg“.

Невработеноста неочекувано се намалила до 4,7% во трите месеци до крајот на јануари, што е најниско ниво од 1975-та година, соопшти Националната статистичка служба. Бројот на вработените е зголемен за 92.000 до 31,9 милиони луѓе, што е најголемо зголемување од минатото лето.

Британската економија ги издржа прогнозите за падот по гласањето околу „Brexit“, проширувајќи се за 0,7% на крајот на 2016-та година, но последните податоци покажуваат дека притисок врз пазарот на трудот останува низок.

Растот на основната плата е забавен до 2,3%. Во предвид поевтинувањето на фунтата која ја забрзува инфлацијата, според некои проценки реалните приходи се на пат да ја одбележат најлошата година од 2013-та година, ставајќи сопирачки на потрошувачките трошоци кои се мотор на растот.

Податоците може да ги зајакнат шпекулациите дека првото зголемување на каматните стапки од 2007-ма година нема наскоро да се реализира. Се очекува претставниците на Англиската централна банка, кои се среќаваат оваа недела, да ја задржат основната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,25%, а според „трејдерите“ има под 25% шанси за зголемување во 2017-та година.

Централните банкари сега сметаат дека економијата може да ја поддржува невработеност од 4,5%, без да генерира инфлација. Прилагодените, спрема инфлацијата, основни приходи се зголемија само со 0,8% во последните три месеци, што е најслабата стапка од 2014-та година. Во јануари немало никаков раст.

Несигурноста околу „Brexit“ ќе го зголеми нивото на невработеност до 5,1% до крајот на 2017-та година, соопшти Националната статистичка служба минатата недела. Прогнозите се бројот на вработени да се зголеми само со 100.000 лица што не е доволно за да се преземат потребите на се поголемата работна сила. За јануари нивото на невработеност е зголемена до 4,8%.

Подобрувањето на резултатите за последниот тримесечен период се должи на зголемувањето од 136.000 лица на бројот на вработените со полно работно време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП