7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДНР започна да извезува јаглен за Русија

ДНР започна да извезува јаглен за Русија

Самопрогласената Донецката народна република почна да извезува јаглен за Русија, изјави во средата лидерот на т.н. република Александар Захарченко, цитиран од РИА Новости.

“Ајде да се потсетиме како ова производство, историски гледано – каде одеше пред тоа? Тоа одеше во Русија. Да, тоа не лесен процес. Тој ќе трае три месеци. Денес заминаа првите 95 вагони. Тоа е пробната серија“, истакна тој.

Захарченко додал дека постојат одредени тешкотии со документите и со пласманот, но проблемите се решаваат. Овој потег на ДНР е преземен по блокирањето на железничките врски со Украина, кои го направија украинските радикали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП