30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследен ден за поднесување на годишните даночни пријави

Последен ден за поднесување на годишните даночни пријави

Денеска истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход (образец ПДД-ГДП) за приходите остварени во изминатата 2016-та година, соопштуваат од УЈП.

Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, сите даночни канцеларии на УЈП за прием на годишните даночни пријави денеска ќе работат со продолжено работно време до 20 часот. Според последните податоци, поднесени се вкупно 403.316 Годишни даночни пријави, додаваат од УЈП.

Пријавите можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци за регистрираните корисници на електронските даночни услуги, како и во дополнителни шалтери во Скопје, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии, додаваат од УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП