20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Растот забaви, но и понатака ги руши прогнозите

САД: Растот забaви, но и понатака ги руши прогнозите

Производните цени во САД во февруари пораснаа повеќе од очекувањата, но помалку отколку во јануари, покажаа објавените податоци на американското Министерство за труд.

Индексот на производните цени (IPC), кој ги мери цените од перспектива на продавачите, порасна во февруари за 0,3 проценти, што е пониско во однос на јануарските 0,6 проценти, кои го претставуваат најголемиот месечен раст во повеќе од четири години, пренесува агенцијата Франс прес.

Сепак, февруарскиот скок на цените е поголем од прогнозите на аналитичарите кои предвидоа раст од 0,1 проценти.

На годишно ниво, IPC во февруари порасна за 2,2 проценти, што е најголемиот раст од март 2012 година, се наведува во соопштението на Министерството.

Силниот раст на цените на услугите од 0,4 проценти учествуваше со повеќе од 80 проценти во февруарското зголемување.

Кога ќе се исклучат колебливите категории на храна, енергија и трговија, производните цени пораснале за 0,3 проценти, што е најголемиот раст од април минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП