Голден Стејт ја прекина серијата од три порази и се врати на чело на табелата во НБА лигата со триумфот над Филалдефија. Изминатата ноќ мина во знакот на Леброн Џејмс и Расел Вестбрук кои во победите на своите екипи партиципираа со трипл дабл.
Кошаркарите на Голден Стејт во поголемиот дел од натпреварот заостануваа зад Филаделфија, во последниот период влегоа со негатива од 12 поени, но во завршните 12 минути одиграа добро во одбраната, го добија овој период со 28:13 за конечен триумф 106:104.
Тројца играчи постигнаа најмалку 20 поени во триумфот на Голден Стејт: Кари (29 поени, 7 скокови, 5 асистенции, 3 украдени топки), Томпсон (28 поени) и Грин (20 поени, 8асистенции, 7 скокови, 6 блокади, 4 украдени топки).
Филалделфија ја предводеше хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ со 25 поени, 7 скокови, 6 асистенции и исто толку загубени топки.
Актуелниот шампион Кливелнд забележа убедлив триумф над Детроит 128:96. Леброн Џејмс запиша трипл-дабл (16 поени, 12 асистенции и 11 скокови), додека најефикасен кај Кливленд беше Кајри Ирвинг со 28 поени.
Нов трипл-дабл, вкупно 33-ти во сезоната, забележа ѕвездата на Оклахома, Расел Вестбрук. Оклахома славеше во дуелот со Бруклин 122:104, а популарниот Рас мечот го заврши со 25 поени, 19 аситенции и 12 скокови.
На преостанетите две средби Њу Орлеанс го декласира Портланд (100:77), додека Њујорк славеше против Индијана 87:81.