10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia повторно на работ на банкрот

Alitalia повторно на работ на банкрот

Италијанската воздухопловна компанија е во полоша состојба отколку во 2014 година, кога „Etihad“ ја спаси од банкрот.

Управата на авиокомпанијата најави план за заштеда вреден милијарда евра до 2019 година, промена на менаџментот и нов бран на откази.

Со новата маркетинг стратегија „Alitalia“ повторно би требала да стане профитабилна за три години.

Да се потсетиме, минатата година беше забележана загуба од 400 милиони евра. Компанијата минатата година превезла 23 милиони патници или 270.000 помалку во споредба со 2014 година кога „Etihad“ се стекна со најголем удел од 49 проценти.

Причината за загубите е насоченоста на линиите, со кои доминираат нискобуџетните превозници, како „Ryanair“ и недоволно долголиниски летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП