1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадежите подгреани - тука се крие спасот за Европа?

Надежите подгреани – тука се крие спасот за Европа?

Откривањето на големо наоѓалиште на гас во египетските води ги подгреа надежите дека во Медитеранот постојат уште наоѓалишта кои би можеле да ги задоволат енергетските потреби на Европа.

„Неверојатното откритие на „Eni“, наоѓалиштето „Zor“, кое, како што се проценува, содржи повеќе од 30.000 милијарди кубни метри гас, го пробуди интересот кај другите водечки нафтени и гасни компании во регионот“, изјави високиот претставник на италијанската нафтена и гасна компанија, „Eni“, Лука Бартели на гасната конференција во Никозија, пренесува АП.

Во водите на Кипар, како што додаде, може да се крие потенцијал за нови откритија, а исто така постојат и други можности за експлоатација, бидејќи Либан и Израел подоцна оваа година ќе им понудат на компаниите лиценци за експлоатација на нивните подводни подрачја или блокови.

„Верувам дека потенцијалот е овде, но мораме да одиме чекор по чекор. Ако не бушиме, нема да знаеме“, додаде тој.

Првиот гас од наоѓалиштето „Zor“, според очекувањата на компанијата „Eni“, ќе протече при крајот на оваа година со цел да се задоволи домашната побарувачка на Египет, додека целосното развивање на наоѓалиштето ќе чини 12 милијарди евра.

„Доколку во водите на Кипар се откријат нови наоѓалишта, островот би можел да се одлучи за изградба на фабрики за преработка на гас кој би се извезувал“, додаде тој.

За извозните цели, алтернативна опција, како што вели, е изградбата на гасовод кој би ги поврзувал гасните наоѓалишта во источниот Медитеран со Турција и Европа.

„Гасоводите се технички изводлливи, но бараат големи инвестиции, политички договори и нови откривања на гасни наоѓалишта“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП