15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа две години поголем дел од Македонија ќе биде гасифициран

За две години поголем дел од Македонија ќе биде гасифициран

Поголемиот дел од Македонија, за две години ќе биде приклучен на гасовод, најави во вторник директорот на Македонските енергетски ресурси, Крсте Миладинов, на увидот на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод од Скопје до Гостивар, со крак кај Тетово.

„Изградбата е предвидено да заврши за две години од денес, но, бидејќи теренот е добро припремен очекуваме гасот и побрзо да стигне до Полошкиот регион. Вредноста на проектот изнесува околу 28 милиони евра, должината на гасоводот е 76 километри магистрала меѓу Скопје и Гостивар, а кракот за Тетово изнесува 10 километри. Според нашите пресметки, се очекува овој регион да има потрошувачка помеѓу 80 и 90 метри кубни годишно“, изјави Миладинов.

Гасоводот низ полошко ќе биде долг 86 километри, ќе чини 28 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП