18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо февруари е забележан раст на цените во земјоделството

Во февруари е забележан раст на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4.0%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 5.4%.

Во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 104.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.5.

Во делот аутпут, во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 96.9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП