Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

Неопходни вештини за постигнување на целите

Време: 13:35

Датум: март 14, 2017

Категорија: КАРИЕРА

Упорноста, трпението и критичко размислување се само некои од вештините потребни за успех било на деловен или приватен план. Тие не се учат на училиште, туку се градат со развојот, дел се од карактерот, личноста и се стекнуваат со работа.

Еве неколку вештини кои би било добро да се усовршат, а кои би можеле да ви помогнат на работа, но и во приватниот и семејниот живот.

Говорење во јавност

Да се говори јасно, уверливо и самоуверено пред публика (без разлика дали брои една личност или илјада) е важна вештина која е добро да се има. Луѓето кои не се срамат да говорат во јавност имаат повеќе самодоверба и привлекуваат повеќе внимание.

Организираност

За успех треба да се поседуваат организациски способности, да се насочи енергијата таму каде што е потребно и да се има силно чувство на дисциплина. Оваа карактеристика е посебно важна доколку имате специфична работа и семејство. Да се управува и балансира со двете е квалитетот кој се бара.

Критичко размислување

Денес сме повеќе од било кога изложени на масовни информации кои на дневна база не бомбардираат од сите страни. Да се биде способен да се проценат информациите, да се сортираат и да се отфрлат тривијалните, како и да се складираат оние кои ќе ви користат е голема вештина. Критичкото размислување ве оддвојува од повеќето луѓе кои едноставно голтаат се што се нуди.

Донесување одлуки

Да се биде способен да се реагира брзо и да се донесуваат одлуки е голема вредност. Малку луѓе се подготвени да превземат одговорност, да ризикуваат и да бидат лидери. Способноста за брзо размислување и донесување одлуки во моментот кога е потребно е голема вредност.

Трпеливост

Што и да правите, треба да знаете дека резултатите нема да дојдат веднаш. Важно е да се биде трпелив и да не се откажувате само затоа што целта ви се гледа далеку.

Способност за опуштање

Стресот, освен што го уништува здравјето, влијае и на способноста за комуникација и трезвено размислување. Да знаете да се опуштите, смирите и одморите, посебно во изразено стресни професии или моменти е одлична вештина. Да се има способност за соочување со критични ситуации на најпродуктивен начин е одличен квалитет во денешниот брз и стресен живот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Иако се добро платени, сепак се најдосадните професии!

    Иако се добро платени, сепак се најдосадните професии!

    Едно интересно истражување со позанимава со најдосадните професии, па проверете дали една од нив е токму вашата професија! Утре следува уште еден работен ден, но…

  • Дали талентите ја напуштаат вашата компанија?

    Дали талентите ја напуштаат вашата компанија?

    Ви заминуваат ли талентите од компанијата? Преминуваат ли вашите најдобри вработени во конкурентските компании? Постојат начини на тоа да му ставите крај. Првиот чекор, сепак,…

  • 8 ситници со кои можете да ја подигнете самодовербата

    8 ситници со кои можете да ја подигнете самодовербата

    Потребно е малку за да си ја вратите или зголемите самодовербата, потребно е само да се држите до неколку важни работи… Осум едноставни работи кои…

  • Кои се најголемите ризици за компаниите?

    Кои се најголемите ризици за компаниите?

    Сајбер ризиците за прв пат се меѓу десетте најголеми глобални заканувачи за компаниите, покажува истражувањето „Aon Risk Solutions“. Како главна причина за загриженост со која…

  • Успешно работење надвор од канцеларијата-вистина или мит?

    Успешно работење надвор од канцеларијата-вистина или мит?

    Со развојот на технологијата, се чини дека поимот „канцеларија“ веќе се редефинира. Сè поголемата слобода во изборот и движењето ги прави луѓето да се чувствуваат…

  • Практикувајте јога за поголем успех во работата

    Практикувајте јога за поголем успех во работата

    Сведоци сме на се поголеми промени во деловниот свет. Начинот на кој што сте работеле досега, повеќе не е доволен. Работата бара се повеќе, времето…

  • Сакате да напредувате брзо? Ваков колега ви е потребен!

    Сакате да напредувате брзо? Ваков колега ви е потребен!

    Експертите велат дека најуспешните лидери се оние кои активно барат фидбек, односно повратна информација и совет од луѓето со кои работат… Според Сузан Бејтс која…

  • Звучете професионално и образовано – Внимавајте на деловниот речник

    Звучете професионално и образовано – Внимавајте на деловниот речник

    Сите ние тежнееме во својата работа да бидеме што подобри и поуспешни. За да стигнете до врвот, обратете внимание на својот деловен речник. Жаргони, вулгарности…

  • Забавете малку: Стресот на работа сериозно ни го оштетува здравјето

    Забавете малку: Стресот на работа сериозно ни го оштетува здравјето

    Стресот кај жените и мажите во средовечни години го зголемува ризикот од равој на деменција, велат научниците. Во студијата која опфати 800 жени и мажи,…

  • Неколку основни правила кои треба да ги почитувате доколку сакате успех во бизнис светот

    Неколку основни правила кои треба да ги почитувате доколку сакате успех во бизнис светот

    Патот до успехот ќе го пронајдете доколку ги анализирате следниве правила… кои секој на некаков начин треба да ги почитува. Тие можеби се правила од…