12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја членка на ЕУ ќе плати најмногу за Brexit

Која членка на ЕУ ќе плати најмногу за Brexit

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд проценува дека Brexit ќе ја чини Велика Британија 139,83 милијарди евра.

Меѓутоа, финансиските тешкотии од Brexit ќе паднат и на грбот на одделни поврзани членки.

Според извештаите на шпанскиот весник El Pis, Словенија Brexit ќе ја чини речиси 31 милион евра, а Хрватска 35,2 милиони.

Brexit најмногу ќе ја чини Германија 4,2 милијарди евра, потоа Франција 1,7 милијарди и Италија 1,3 милијарди евра. Најмал трошок ќе има Малта 7,4 милиони евра.

Меѓу останатите земји во овој регион, лавовски дел од финансискиот товар на Brexit ќе поднесе Австрија, речиси 460 милиони евра, додека Унгарците тоа ќе ги чини 88,5 милиони евра.

„Сите држави членки ќе мораат да дадат поголеми придонеси во буџетот на ЕУ, бидејќи со заминувањето нa Британија заминува и еден од најголемите нето плаќачи на ЕУ“, предупреди во петокот шпанскиот премиер Маријано Рахој. Шпанија, според пресметките на Мадрид, Brexit ќе ја чини 888 милиони евра.

Како што предупредуваат експертите, тоа се пресметки на шпанската влада, бидејќи на крајот се зависи од прегоорите за излез на Велика Британија и идните структури на ЕУ, наведува австриската новинска агенција АПА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП