28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАKathimerini: Битката за туристи од Русија започна – се очекуваат околу еден...

Kathimerini: Битката за туристи од Русија започна – се очекуваат околу еден милион посетители

Вредноста на рубљата во однос на еврото, која се зголеми за околу 30 отсто во 2016 година, претставува главен фактор за прогнозите на туристичките работници, кои во 2017 година очекуваат значително зголемување на приходите од приливот на туристи од Руската Федерација, изјави во вторникот шефот на Грчката туристичка конфедерација, Андреас Андреадис, цитиран од весникот Kathimerini.

На отворањето на Меѓународниот саем за патувања и туризам во Москва (MITT), Андреадис рече дека од Русија во Грција годинава можат да пристигнат околу еден милион туристи. Приходите од руските туристи пак можат да се зголемат за 25 проценти во однос на минатата година.

Во 2016 година Русија беше единствениот главен туристички пазар на Грција, од кој е забележано зголемување на приходите – 421,1 милиони евра во 2015 на 435,8 милиони евра во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП