27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот најдобар град за живеење е Виена

Во светот најдобар град за живеење е Виена

Главниот град на Австрија, Виена уште еднаш е прворангиран по квалитет на живот, на традиционалната листа на градови на американската компанија Mercer, на која се рангирани 231 град.

Првото место веќе осма година по ред и припаѓа на Виена, додека на последното место повторно е Багдад. Во истражувањето се распоредени 40 разни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, криминалот, рекреацијата, културата итн.

Виена повторно е најдобар град поради силната културна сцена, квалитетната здравствена заштита, умерената цена за изнајмувањето на стан и евтиниот градски превоз. На второ место е Цирих, трет е Окленд, четврт Минхен а петти град е Ванкувер.

Во првите десет уште се и Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел. Глобалните центри како што се Лондон, Париз, Токио и Њујорк не се нити во првите 30, при што Париз е на 38-то место, Лондон е 40-ти, Њујорк на 44-то место, а Токио на 47-то место.

Од азиските градови најсилно рангиран е Сингапур, кој се наоѓа на 25-то место, додека од американските градови пак највисоко се наоѓа Сан Франциско, односно на 29-то место. Петте најлоши градови за живот, пак, се Картум (Судан), Портопренс (Хаити), Сана (Јемен), Бангуи (Централноафриканска Република) и Багдад (Ирак).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП