29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Европа раст на акциите, на Волстрит внимателно пред седницата на Fed

Во Европа раст на акциите, на Волстрит внимателно пред седницата на Fed

На њујоршки Волстрит во понеделникот берзанските индекси останаа речиси непроменети, со слаб обем на тргувањето бидејќи вложувачите се претпазливи пред седницата на американската централна банка Federal Reserve (Fed) на којашто најверојатно ќе бидат зголемени каматните стапки, додека на главните европски берзи акциите забележаа раст.

На европските берзи цените на акциите во понеделникот пораснаа. Лондонскиот FTSE индексот зајакна за 0,33 отсто, на 7.367 поени, додека франкфуртскиот DAX индекс порасна за 0,22 отсто, на 11.990 поени, а парискиот индекс CAC за 0,13 отсто, на 4.999 индексни поени.

На Волстрит индексот Dow Jones ослаби за 0,10 отсто, на 20.881 поен, додека S&P 500 индексот зајакна за 0,04 проценти, на 2.373 поен, а пак Nasdaq индексот скокна за 0,24 отсто, на 5.875 индексни поени.

Вложувачите се претпазливи бидејќи во вторникот и средата челниците на американската централна банка ќе одржат седница на којашто се очекува зголемување на клучните каматни стапки.

„Освен одлуката на Fed во среда, не гледам ниедна друга причина поради којашто вложувачите би носеле инвестициски одлуки“, вели за Reuters Пол Менделсохн, стретег во компанијата „Windham Financial Services“.

Последните денови од Fed пристигнуваа навестувања дека каматите би можеле да бидат зголемени многу наскоро, доколку економските показатели бидат добри. А сите последни извештаи укажуваат на раст на најголемата светска економија и јакнење на инфлацијата кон целеното ниво од страна на Fed од 2 отсто.

Поради тоа трговците на пазарот на парите проценуваат дека постојат 94 отсто шанси дека американската централна банка ќе ги зголеми каматите уште оваа седмица, за 0,25 процентни поени.

Иако зголемувањето на каматите вообичаено лошо влијае на пазарот на капиталот, сега тоа не е случајот, сметаат аналитичарите, бидејќи растот на економијата забрзува и може да го поднесе зголемувањето на цената на парите.

На внимателноста на вложувачите укажува и потпреосечниот обем на тргувањето. На американските берзи во понеделникот сопствениците г изаменија 6,18 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 6,93 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП