2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп побара од новинарите да му помогнат каде да ја донира платата

Трамп побара од новинарите да му помогнат каде да ја донира платата

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во понеделникот дека ќе ја донира својата претседателска плата на крајот од година и побара од медиумите да му помогнат во одредувањето кому да ги донира овие средства.

„Претседателот Доналд Трамп планира да ја донира својата годишна плата од 400.000 долари, а ќе им овозможи на медиумите да одлучат кому ќе му бидат дадени овие пари“, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спејсер.

Иако во прв момент неговата изјава предизвика смеење кај новинарите присутни на редовниот брифинг во Белата куќа, Спејсер истакна дека ова барање е многу сериозно.

„За да се избегне преиспитувањето кому се донирани парите, ќе им дозволиме на новинарите да одлучат каде да одат донираните пари“, додаде Спејсер.

Трамп и во текот на кампањата вети дека ќе се откаже од својата претседателска плата и дека ќе прима симболичен надомест од само еден долар годишно. Тоа го најави и во текот на разговорот во емисијата „60 минути“ на телевизиската мрежа CBS News, велејќи тогаш дека тој всушност и не знае колкава е претседателската плата во САД. Кога водителката Лесли Стал рече дека платата изнесува 400.000 долари, децидно изјави дека нема да ги земе тие пари.

Инаку Трамп не е првиот американски претседател кој симболично се одрекува од годишната плата додека престојува во Белата куќа. Тоа го сторил и Херберт Хувер, американскиот претседател од раните 1930-ти години. Хувер, кој бил богат сопственик на рудници пред преземањето на претседателската должност целата своја плата ја уплатувал во добротворни цели. Својата плата во добротворни организации ја донирал и претседателот Џон Ф. Кенеди, кој потекнуваше од богатата политичка династија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП