22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската инфлација го достигна највисокото ниво од пред речиси 5 години

Германската инфлација го достигна највисокото ниво од пред речиси 5 години

Скапите горива, греењето и храна за прв пат од пред четири и пол години ја зголемуваат германската инфлација во февруари над нивото од 2%. Стоките и услугите чинеле во просек со 2,2 отсто повеќе отколку во истиот месец од претходната година, објави статистичката служба, со што се потврди оценката од почетокот на март.

Така поскапувањето е над предвидуваната цел од Европската централна банка (ЕЦБ), која сметаше дека цените се стабилни при вредност од околу 2 отсто. Тоа е највисоката вредност од август 2012-та година.

Најголем мотор за цената е енергијата која поскапеа со 7,2% во минатиот месец. Ако се исклучи нејзината цена, годишната стапка на инфлацијата е 1,7%. Корисниците плаќале повеќе првенствено за греење на нафта (плус 44 проценти) и за полнење на гориво (15,6%). Исто така и цените на храната се зголемиле за 4,4 отсто во просек, а само цените на зеленчукот скокнаа со 21%.

Искористувањето на европската методологија на хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, кој е споредлива мерка за инфлацијата во земјите од ЕУ, германската статистика за февруари објави инфлација од 2,2 отсто на годишна база, како и 0,7 отсто на месечна. И тука со податоците се потврдува првичната проценка.

Општо земено повеќето економисти очекуваат забрзување на германската инфлација во следните месеци. Ако во 2016-та година, таа беше на ниво од само 0,5 отсто, според проценката на Институтот за економија со седиште во Кил во оваа и следната година таа ќе биде 1,8 отсто. Некои експерти се категорични дека тоа ќе ја намалуваат куповната моќ на потрошувачите, а приватната потрошувачка нема да расте толку силно, како досега.

Повисоката инфлација најверојатно ќе даде нова сила на повиците од Германија кон Европската централна банка да се стави крај на овој вид монетарна политика, наведува „Ројтерс“, особено ако се земе во предвид дека во септември претстојат парламентарни избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП