25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТековно одвивање на сообраќајот, граничниот премин Табановце отворен за сообраќај

Тековно одвивање на сообраќајот, граничниот премин Табановце отворен за сообраќај

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Граничниот премин Табановце е отворен за сообраќај, откако повеќе часови беше во прекин поради дефект со електричната енергија.

МСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП