Туристите се враќаат во Европа, а обновата се манифестира во сè – од зголемените хотелски резервации до продажбата и авионските резервации, пишува „Ројтерс“. Тоа претставува подобри профити за туристичките и рекреативните компании.
Обновата на земјите со новите пазари ги враќа во континентална Европа Кинезите, Бразилците, Русите, а слабата британска фунта по одлуката за „Брегзит“ го поддржува британскиот туризам. Иако со поевтинувањето на фунтата Британците исто така, патуваат, се наведува во студијата на „HSBC“.
Меѓународните патувања од и кон земјите со новите пазарни економии се зголемуваат, а истовремено средните трошоци за патувања, исто така се зголемуваат. Кај хотелите приходите за соба се подобрија во Европа и Велика Британија, вели Џеф Мејс, шеф на одделот за оптимизирање на стратегии во „NN Investment Partners“.
Акции кои ги вклучуваат авиокомпаниите, хотелски синџири и пиварниците, подиндексот на паневропскиот берзански индекс „STOXX 600“ се зголеми за 2 проценти во оваа година, откако падна за 11 отсто во минатата година.
Загриженоста за безбедноста по нападите во Париз во јануари и ноември 2015-та година и во Ница во јули го намалија „туристичкиот апетит“ кон Франција. Се чини француските хотели имаат околу 675 милиони долари изгубени приходи за 2016-та година, според компанијата за студии „MKG“.
Во четвртиот квартал, бројот на туристите во Франција се зголеми според податоците на националната статистичка агенција.
Подобрувањето на состојбите во секторот на туризмот е очигледен и од најновите податоци за резултатите на компании како шпанската „Amadeus“ која ги обезбедува системите за резервации за авиокомпаниите, како и при „Eurotunnel“, операторот на тунелот под Ламанш.
„Merlin Entertainments“ која управува со музејот за восочни фигури „Madame Tussauds“ во Лондон и уште над 100 други атракции, соопшти претходно овој месец дека слабата британска фунта ги вратила туристите во британската престолнина, водејќи сметка за скокот на посетителите од ЕУ во ноември и декември.
Шопингот, ослободен од данок во Европа, што е мерка за трошоците на туристите, се зголемил за 21 проценти во јануари. Ова е втор месец на раст, покажуваат податоците на компанијата за наплата на даноци на туристите „Global Blue“. Поради кинеската Нова година има скок во бројот на кинески туристи во крајот на јануари, забележува компанијата.
Купувањата ослободени од даноци во Франција се зголеми за 20 проценти, а продажбата во Италија и Германија бележат раст за прв пат од една година. Продажбата во Велика Британија се зголеми за 45 проценти во јануари, а средните трошоци исто пораснаа, бидејќи туристите ја искористија евтината фунта.
Европските метрополи се натпреваруваат за туристи со поголема куповна моќ. Шпанската престолнина се потпира на развојот на луксузните продавници и културните знаменитости, за да привлекува повеќе платежоспособните кинески туристи.
Зголемените патувања со авион кон и во самата Европа го поддржаа ентузијазмот на инвеститорите за акции на компании кои ги управуваат авиокомпаниите и аеродромите во регионот.
Компанијата сопственик на „British Airways“ – „IAG“, забележа пораст на сообраќајот во февруари, а нискобуџетните авиокомпании „Ryianair“ и „easyJet“ соопштија за зголемување на патниците со 8 до 10 проценти за месеците во споредба со минатата година.