2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel инвестира 15.3 милијарди долари во самоуправувачки автомобили

Intel инвестира 15.3 милијарди долари во самоуправувачки автомобили

Производителот на хардвер „Intel“ ќе направи сериозен залог во корист на самоуправачките автомобили, откако ги купи израелските специјалисти во овој поглед „Mobileye“ за сума од 15.3 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе плати 63.54 долари по акција за да се здобијат со компанијата која се концентрирала во напорите во самоуправачките системи, пренесува „BBC“.

„Mobileye“ и „Intel“ веќе работеле заедно, заедно со Германците од „BMW“, за да се направат 40 тест самоуправувачки автомобили по улиците, што ќе стане факт во втората половина на оваа година.

Пазарот на самоуправувачки автомобили ќе достигне вредност од 70 милијарди долари до 2030-та година, прогнозираат од „Intel“. Изгледа тоа не е некоја тајна, бидејќи технолошките компании се натпреваруваат да објавуваат свои модели во оваа компонента. Така на пример, претходно овој месец, „Nissan“ ги тестираат своите модели без возач, изразувајќи надеж дека возилото ќе стане достапно во 2020-та година.

„Google“ исто така врши скапи испитувања и тестови за самоуправувачки автомобили. Напредокот започнува од помош при возење, а тече до целосна автоматизација, па ќе прерасне во еден центар за податоци на тркала, ја споделуваат визијата од „Intel“.

Хардверските гиганти сметаат дека до 2020-та година, самоуправачките автомобили ќе генерира 4.000 GB информации на ден.

„Mobileye“ е основана во 1999-та година, а компанијата инвеститорот на „визуелни системи за подобрување на безбедноста на патот и намалување на судирите“.

Приходите на компанијата се зголемија повеќе од три пати во текот на минатата година достигнувајќи 358 милиони долари. Профитот пред даноци исто отскокнува од 79 милиони долари до 125.4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП