17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабата информираност ги сопнува плановите на ЕК за енергетската револуција

Слабата информираност ги сопнува плановите на ЕК за енергетската револуција

Преминувањето кон „чиста“ енергија е утврдена во плановите на Европската комисија (ЕК) во пакетот „Чиста енергија за сите“, но тоа ќе биде невозможно без поддршка на корисниците. Ова мислење го искажа еден од раководителите на дирекција „Енергетика“ во ЕК, Клаус- Дитер Борхард, цитиран од „EurАctiv“.

Според него, сепак администрацијата во ЕУ се справува „ужасно“ во комуникацијата со корисниците во таа насока.

Во европските планови корисниците сега ќе имаат централната улога во преминот кон чистата енергија. Тоа сепак значи и промена во нивните навики и мора да учествуваат во процесот.

„Ние одиме кон целосно нов свет и потребата од промена на комуникацијата, бидејќи целиот енергетски систем се менува“, призна Борхард и додаде дека не е доволно само да се посочи дека корисниците се во основата на мерките.

Во Брисел сметаат дека луѓето не се чувствуваат вклучени со новите планови, бидејќи не чувствуваат дека имаат доволно моќ и тоа всушност е токму така. Препораките се објаснувањата на мерките да бидат едноставни, па луѓето да разберат дека инвестицијата во нови технологии како паметни броила или соларни панели ќе значи и повеќе средства за домаќинствата во иднина.

Друг проблем означен од експертите, е и неподготвеноста на Европејците да го менуваат доставувачот на електрична енергија во потрага по поволни услови. Причината е доста често бирократска за промената е потребно време, но и од друга страна луѓето стравуваат дека постапката всушност чини повеќе отколку што би добиле од нов снабдувач. Често и недостатокот на информации е главната причина луѓето да не ги менуваат снабдувачите.

И всушност токму недостатокот на доволно информации може да ги сопнуваат плановите на ЕК во пакетот „Чиста енергија за сите“, сметаат уште експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП