Владата на Швајцарија ги принудува странците од држави надвор од Европската унија (ЕУ) задолжително да ги продаваат своите домови, кога ја напуштаат земјата, пренесува „Ројтерс“.
Идејата предизвика сериозен отпор во секторот на недвижнините, наведува новинската агенција.
Повеќе од три децении откако Швајцарија го либерализираше купувањето на имот од странци, во моментов се засилуваат стравувањата дека побарувачката од странство им помага за зголемување на цените. Затоа Владата нуди ажурирање на законот, за да се затворат дупките за шпекулации.
Предлогот е државјани на земји надвор од ЕУ, вклучувајќи ги Лихтенштајн, Исланд и Норвешка, да добиваат дозвола да купат домови во Швајцарија. Овластувањето се планира да биде поврзано со обврска имотите да бидат продадени, откако нивните сопственици ќе се откажат од престој во земјата.
Се предлага и затегнување на правилата со кои ќе се регулираат инвестициите на странците во имот.
Според претставници на секторот на недвижнини, мерките се неприфатливи, бидејќи ситуацијата на пазарот на домување се „изострува“. Од индустријата потсетуваат дека парламентот веќе се спротивистави на слична идеја, во 2014-та година.