15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска е најбрзо растечка економија во ЕУ трета година по ред

Ирска е најбрзо растечка економија во ЕУ трета година по ред

Ирска во 2016 година оствари економски раст од 5,2 проценти, покажуваат податоците на Централниот статистички завод.

Со тоа оваа земја трета година по ред забележала најбрз раст во Европската унија.

Економскиот раст на Ирска во минатата година бил повеќе од тројно поголем од просекот од 1,7 проценти на ниво на еврозоната.

Како што наведуваат ирските институции, економскиот раст е продолжен и оваа година, бидејќи стапката на невработеност во земјата е повеќе од преполовена во споредба со повеќе од 15 проценти за време на финансиската криза.

Централниот статистички завод соопшти дека отворањето на нови работни места во 2016 година го поттикнал растот на личната потрошувачка за три проценти.

Министерството за финансии на Ирска очекува дека економскиот раст ќе се одржи над нивото од три проценти и во текот на наредните три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП