15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Берлин откажани 650 летови поради штрајк на двата аеродрома

Во Берлин откажани 650 летови поради штрајк на двата аеродрома

Се очекува дека околу 650 летови ќе бидат откажани во понеделникот поради штрајкот на службениците. Персоналот кој штрајкува се грижи за чекирањето на патниците, прифаќањето и испраќањето на авионите.

Околу 2.000 вработени на аеродромот Тегел и Шенефелд стапија во 25-ласовен штрајк во 4 часот утрото,. Од овие аеродроми полетуваат авионите на компаниите „Air Berlin“, „easyJet“ и „Ryanair“.

Станува збор за нов притисок во спорот околу платите. Синдикатот бара зголемување на платите за аеродромските службеници од 12 евра на час наместо околу 11 евра колку што изнесува сега, во рамките на преговорите за едногодишниот колективен договор. Работодавачот им нуди околу 10 евро центи повеќе на час во текот на четири години.

Компанијата „Lufthansa“ објави во неделата дека ќе ги откаже сите летови од Франкфурт и Минхен до Берлина, како и од германската престолнина за споменатите градови.

На аеродромот Тегел се очекува дека до крајот на денот ќе бидат откажани 448 летови, а на аеродромот Шенефелд – 194, изјави портпаролот на двата аеродрома

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП