7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМито ќе добие кросовер верзија?

Мито ќе добие кросовер верзија?

alfa romeo mito 1

По долг период моделите на Алфа Ромео во втората половина од годината повторно ќе бидат достапни на американскиот пазар и тоа со спортскиот автомобил 4С. Меѓутоа, плановите на производителот кој е во сопственост на групацијата Фиат се значително амбициозни кога станува збор за САД.

Во нив се наоѓа и втората генерација на моделот Мито, за кој Алфа има две сценарија. Во првото ова возило би требало да еволуира во хечбек верзија со три врати, а пак второто тоа би било резултат на правење на компактен кросовер. Ова второто на компанијата би и донело поголеми шанси за успех на глобално ниво, но останува да се види дали од Алфа се подготвени за таков потег.

Сигурно е дека наредната генерација на моделот Мито ќе биде заснована на модуларната платформа на Фиат 500L, што дозволува производство на двете верзии, хечбек и кросовер.

Што се однесува до моторот, основниот модел би се придвижувал со напредната верзија на „TwinAir“ турбо-бензинец со 100 KS. А пак најсилниот во понудата ќе биде четирицилиндричниот „MultiAir“ со турбо-компресор и 200 KS, а постои можност да видиме и „plug-in“ хибридна варијанта.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП