3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите очекуваат немири поради кризата

Французите очекуваат немири поради кризата

fran1

Студијата на Институтот „ИФО“ покажува дека 70 проценти од Французите оценуваат дека покрај економски проблеми, наскоро би можело да дојде и до социјални немири.

Во ваквите истражувања објавени во 1988 и 2009 година иста оценка дале 64 проценти од Французите, пренесуваат француските медиуми.

Исто така, според резултатите од истражувањето, работниците се онаа група на граѓани која најмногу очекува појава на социјални немири, односно 81 процент од нив, што е за 11 проценти повеќе од просекот, додека кај слободните професии и директорите ова очекување е на ниво од 57 проценти.

Исто така, значително поголем број на симпатизери на десницата предвидуваат немири, од нив 80 проценти, во однос на 54 проценти од симпатизерите на левицата, што е спротивен резултат на оној од 2009 година, кога симпатизерите на левицата во значително поголем број очекуваа немири поради тешката економска ситуација и социјалните проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП